Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вработените од „Колска“ не земале плата 9 месеци, бараат одблокирање на сметката

/

пред 1464 дена

Сподели преку :

На дождливо и ладно време, дел од нив со здравстевни проблеми вработените од Колска гневни денеска успеаа со сопствен превоз да стигнат пред Владата откако вчерашниот замислен протест не се реализираше, бидејќи немаа пари да платат за возен билет од Велес.

Вработените во оваа единствена фабрика за поправка на шински возила веќе девет месеци имаат блокирана сметка и не можат да земат плата, не можат да купат репроматеријали, со кои ќе ги сервисираат возовите. Бараат од надлежните да им ја соопштат иднината, и да не ги оставаат во неизвесност. Вработените стравуваат дека државата ќе ја затвори Колска и ќе останат без работа во овие кризни времиња.

Ако дојде до затворање на фирмата, 74 вработени ќе останат без работа, а вагоните на „Македонски железници“ ќе мора да се сервисираат во други држави, ќе има одлив на девизи по други држави, посочија вработените во „Колска“.

Сметката на Колска беше блокирана од 2013 до 2017 година поради неплаќање на данок, и заостанат долг од 650 илјади евра. Компанијата се повеќе тоне. Првите 300 вработени веќе ги нема, и останале само 74 од нив, а наскоро може и тие да бидат отпуштени. Од 2001 година немаат вработено персонал, а тоа кажува колку е нивната ситуација алармантна.

Со нив, во петокот се сретнал министерот Бочварски, но како што велат тој не им понудил конкретно решение. Затоа продолжуваат со протести и блокада на железничката станица во Велес, со надеж дека некој друг ќе успее да го реши нивниот проблем.

 

Тамара Марковска