Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Врнежите не дозволуваат да се ожнее оризот

/

пред 309 дена

Сподели преку :

Оризопроизводителот Борче Ангелов од село Спанчево во Општина Чешиново-Облешево се уште не ја завршил жетвата на оризот, од шест хектари, еден хектар се уште не му е ожнеан, поради обилните врнежи и поплавите кон крајот на ноември. Причина за задоцнетата жетва е и касната сеидба на дел од површините, а какошто велат оризопроизводителите штетите се големи.

Оризовата арпа во моментов се откупува од 18 до 22 денари за килограм велат оризопроизводителите, а според нив не ги покрива ниту основните трошоци за производство. Тие бараат средба со ресорниот министер за да се направи калкулација за нова производна цена на оризовата арпа.

Временските прилики годинава не им одеа во прилог на кочанските оризопроизводители. Последните посеани хектари очекуваат да ги ожнеат до крајот на годината. Во овој регион ориз се произведува на површина од околу 4.000 хектари.

Викторија Јованова