Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вучиќ: До 19 или 20 март нова влада на Србија или предвремени избори

/

пред 605 дена

Сподели преку :

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа соопшти дека новата влада треба да се формира до 19 или 20 март. Доколку до тогаш не биде формирана Србија оди на предвремени парламентарни избори.

Тој рече дека до 17 или 18 февруари Собранието треба да ги констатира оставките на Владата и на премиерот Милош Вучевиќ, што, како што рече, значи дека оттогаш ќе почне да тече рокот од 30 дена за формирање нова влада или за распишување избори.

Тоа се единствените две можни опции –  тоа е предвидено со Уставот, вели српскиот претседател. Вучиќ додаде дека смета оти е добро да се обиде да се формира „една добра влада“ бидејќи, како што рече, тоа е „многу важно“ и поради Специјализираната светска изложба EXPO 2027 во Белград.

Оставката на премиерот Вучевиќ дојде по неколкумесечни протести во земјата кои ги организираат студентите кои бараат одговорност и одговори за несреќата во настрешницата на железничката станица во Нови Сад во која загинаа 15 лица.