Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вучиќ: И благодарам на Русија за поддршката во ОН

/

пред 842 дена

Сподели преку :

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград разговараше со заменик министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко и посочи дека во оваа прилика уште еднаш и  изразува  благодарност на  Русија за поддршката што Москва и ја дала на Србија во однос на резолуцијата. за Сребреница во ОН.

Изразив и посебна благодарност за поддршката за територијалниот интегритет на Србија во согласност со Повелбата на ОН“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.

Српскиот претседател истакна дека имал добар разговор со Грушко и дека ги разгледале севкупните билатерални односи меѓу Србија и Русија и ги оцениле како многу добри.

Грушко вчера имаше разговори со вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ и вицепремиерот Александар Вулин, при што беше констатирано дека соработката меѓу Белград и Москва се заснова на пријателство и е на исклучително ниво во сите области.