Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вучиќ најави можна оставка и нови политички потези

/

пред 114 дена

Сподели преку :

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во следните три до четири месеци, или можеби и порано, ќе поднесе оставка, нагласувајќи дека тоа ќе биде дел од пошироки политички промени во земјата.

Тој додаде дека размислува и за можна кандидатура за премиер, како и за нови решенија во рамки на владејачката Српска напредна странка, која наскоро ќе ја претстави својата листа за претстојните парламентарни избори.

Српскиот претседател најави дека изборите нема да се одржат во летниот период, туку за неколку месеци, а деталите за политичките планови и новата изборна програма ќе бидат презентирани на собир во Белград на 27 јуни.