Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вучиќ најави можно повлекување на Србија од Советот на Европа

/

пред 944 дена

Сподели преку :

Приемот на Косово во Советот на Европа „де факто“ претставува протерување на Србија, смета српскиот претседател Александар Вучиќ кој најави можност за повлекување на неговата земја од оваа организација.

„Ќе им биде многу, многу непријатно кога ќе ги слушнат сите детали за тоа како ја лажеле Србија за Советот на Европа и сите други приказни. Одете со тоа, а потоа ќе видиме дали Србија сака да остане или не во Советот на Европа. Па да видиме, можеби повеќе ви се допаѓа Приштина во Советот на Европа отколку Белград и Србија“, рече Вучиќ во гостувањето на ТВ Прва.

Според Вучиќ станува збор за организација која одлучува „за ништо“.

Потсети дека Русија е исфрлена од овој совет, пред Косово да биде ставено на дневен ред, и додава дека влегувањето на Косово е „де факто“ протерување на Србија од таа организација.