Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вучиќ: САД ќе воведат санкции против НИС поради поради руската сопственост

/

пред 659 дена

Сподели преку :

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа најави дека за неколку дена САД ќе воведат санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС) поради руската сопственост на компанијата, а на санкциите ќе им се придружат и Британците, пренесува Бета.

Вучиќ во гостување на РТС рече се уште не го видел официјалниот документ со кој САД воведуваат санкции против НИС, но дека преку „официјален канал“ бил информиран дека тоа ќе се случи на 1 јануари.

Српскиот претседател оцени дека најавата за санкции доаѓа во тежок момент, но дека владата на Србија ќе разговара со САД и Русија и ќе се потруди да одржува добри односи со двете земји.

На прашањето дали одлуката Белград да воведе санкции кон Москва нешто ќе промени, Вучиќ рече дека не е подготвен да разговара за тоа и дека Србија ќе продолжи да води „принципиелна политика“.