Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вучиќ: За прв пат по 14 години никој од Србија нема да учествува на Самитот на ЕУ – Западен Балкан

/

пред 300 дена

Сподели преку :

Српскиот претседател Александар Вучиќ, како ниту еден друг функционер на таа земја, нема да учествува на Самитот на ЕУ – Западен Балкан во Брисел.

-За првпат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западен Балкан ќе биде без Република Србија, изјави тој за РТС.

Тој изјави дека донел таква одлука за „никој друг да не биде виновен и Владата на Србија да не трпи никаков притисок.

Вучиќ кажа дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери и дека е „благодарен на многумина, вклучувајќи ги и оние кои секогаш критикуваат иако не знаат точно што критикуваат“.

Земјите-членки на Европската Унија објавија дека за да се отвори преговарачкиот кластер 3, потребно е Србија да постигне „понатамошен напредок во областа на владеењето на правото и нормализацијата на односите со Приштина“, без да наведат кога повторно ќе се вратат на оваа тема.