Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вучиќ во Давос: Штом Германија се закашла, западниот Балкан добива воспаление на градите

/

пред 1011 дена

Сподели преку :

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на Светскиот економски форум во Давос, во рамки на дебатата „Нова евроазиска зора“, истакна дека на неговата земја и на останатите држави од Западен Балкан им е потребна силна Германија.

На прашање на модераторот за односот на Европската Унија и Западен Балкан, Вучиќ рече дека „штом Германија се закашла, регионот добива воспаление на градите“ и нагласи оти германската контракција, односно економскиот пад од 0,3 отсто, претставува проблем за државите во регионот.