За денеска се закажани студентски протести во повеќе градови низ држава, кои треба да започна пред УКИМ во 13 часот, а во овие моменти има мирен собир и во Тетово, а најголем собир се очекува во попладне во 18 и симболични 59 минути на плоштадот Македонија во Скопје во чест на загинатите 59 граѓани во пожарот во Кочани.
Премиерот Мицковски пред малку рече дека собирите се шанса за добивање на политички поени од страна на политичките противници, наместо борба против корупцијата во државата.











