Повеќе од десетина израелски војници загинаа во борбите во Појасот Газа за време на викендот, соопшти утрово израелската војска.
Зголемениот биланс на загинати меѓу израелските војници веројатно ќе игра важен фактор за израелската јавна поддршка за војната.
Војната опустоши големи делови од Појасот Газа, според последните статистички податоци што ги објави министерството за здравсво во енклавата убиени се над 20.258 Палестинци, а раселени се околу 85% од 2,3 милиони жители на Газа.
Израелците сè уште стојат цврсто зад наведените цели меѓу кои и целосно уништување на владејачките и воените капацитети на Хамас и ослободување на преостанатите 129 заробеници.
Таквиот став се уште останува главно стабилен и покрај зголемениот меѓународен притисок против израелската офанзива и зголемениот број на жртви и невиденото страдање меѓу Палестинците.











