Со трансформацијата на медиумската сфера особено со појавата на социјалните мрежи и интернетот секој може да стане медиум и не само да прима туку и да испраќа информации.
Во морето на неограничени можности расте и шансата за злоупотреба на информациите.
Медиумси писмено општество е она кое знае од каде се земаат информациите и нив им пристапува критички вели Наташа Булеска УСАИД Македонија.
Таа додава дека квалитетот на образование е клучен во создавање медиумски писмена младина но за жал кај нас најмногу се потфрла токму тука.











