Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За новата препорака за работа во МКЦ треба да одговори ДКСК, а не министерството , кажа министерката за култура

/

пред 937 дена

Сподели преку :

Државната комисија за спречување корупција, а не Министерството за култура,  треба да одговори на барањето на Младинскиот културен центар за новата препорака за работа. Ова денеска го кажа министерката за култура, откако директорот на установата Шаќири, од 1 март не ги продолжи договорите на 30 лица ангажирани со договор на дело, по добивањето известување од ДКСК, дека согласно Изборниот законик, во изборен процес не е дозволено да се склучуваат договори со кои се злоупотребува буџетот. А, од МКЦ се повикаа на Законот за сметководство за буџети и буџетски корисници, според кој може да има исплати на средства од сопствените приходи на установата и во изборен процес. Костадиновска- Стојчевска кажа дека ја контактирале корисници на средства од буџетот на министерството, чии проекти треба да се реализираат во МКЦ. А, од министерството ги посоветувале ако е возможно со проектите да излезат по изборите .

  • Дека имаме конкретен одговор, се уште немаме затоа што тоа не е нешто што Министерството за култура треба да го одговори. Тоа е нешто што сепак треба ДКСК да го одговори. Сепак има одредени проекти кои што се ставени во опасност затоа што треба токму во овој период да се реализираат.Она што ги советувавме корисниците , е дека е најдобро да ги одложат проектите по изборите, за одржувањето на тие проекти , доколу е тоа возможно. Се разбира, за да можат овие договорци, овие долгогодишни соработници да се вратат назад на работа, за да можат да ги реализираат проектите, кажа министерката за култура во Техничката влада, Бисера Костадиновска- Стојчевска.