Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За првпат на иста маса Зеленски и руска делегација – Лавров пристигна во Њујорк на отворањето на Генералното собрание на ОН

/

пред 1110 дена

Сподели преку :

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Њујорк, каде на високо ниво ќе учествува на отворањето на Генералното собрание на ОН, пренесува „РИА Новости“.

Лавров последен пат го посети Њујорк во април, за време на руското претседателство со Советот за безбедност на ОН.

Во пресрет на актуелната посета, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека распоредот на министерот е „многу зафатен и постојано се проширува“.

Предвидено е министерот да се сретне и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Медиумите претходно објавија дека на истиот состанок на Советот за безбедност на ОН ќе учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Ова ќе биде првпат од почетокот на војната Зеленски и руските претставници да бидат на иста маса.

  • Реално ја оценуваме оваа средба, како и сите други политизирани западни иницијативи за украинската криза. Оценката е нула. Ова ќе биде уште едно шоу во кое главната улога ќе му биде доделена на украинскиот претседател – изјави претходно Небензја.

Лавров во петокот изјави дека Москва е подготвена да преговара за ставање крај на 18-месечниот конфликт со Украина, но го обвини Киев и неговите западни сојузници дека го нарушуваат напредокот.

  • Околу темата за таканаречените преговори, се појавува вистински заговор и се обидува преку псевдодипломатија да се преврти сè наопаку, рече Лавров.