Иранските напади со беспилотни летала и балистички ракети овој пат не се ограничија само на воени цели во заливските држави, како што беше случај при одмаздничките напади за време на 12 дневната војна во јуни минатата година.
Луксузни хотели, шопинг центри, висококатници и аеродромски терминали беа мета на иранските беспилотни летала и ракети, истакнувајќи ги недостатоците на противоздушната одбрана во овие држави.
Кога богатите заливски држави ги градеа овие објекти, никогаш не претпоставуваа дека еден ден ќе мораат да ги бранат од воздушни напади.
За монархиите од заливот, религиозниот револуционерен фанатизам кој Исламската Република го промовира и извезува е анатема, е помината црвената линија.
По иранските одмазднички напади изминативе денови, тешко е да се претпостави како овие заливски монархии во иднина ќе ги нормализираат односите со Техеран.
Ова не е прв пат тие да бидат мета на ирански напади. Во 2019 година, милитантна група во Ирак, финансирана од Иран, лансираше низа напади со беспилотни летала врз саудиските петрохемиски постројки, привремено преполовувајќи го нивното производство.
Минатата година Иран испали балистичка ракета кон катарската воздушна база Ал Удаид, но претходно го предупреди Катар за нападот. Бахреин пак, долго време го обвинува Иран дека фунансира и вооружува сепаратиски на негова територија>
Сите овие претходни „недоразбирања“ меѓу заливските држави и нивниот далеку помоќен сосед Иран, бледнее во споредба со ситуациујата во која сега се наоѓаат, во која тие станаа мета на индискриминирачки напади од Исламската држава, поради нивната соработка со САД.











