Американскиот актер, добитник на Оскар, Вилијам Харт почина на 71 година.
- Нашето семејство жали за смртта на Вилијам Харт, саканиот татко и оскаровец.Тој почина една недела пред својот 72. роденден. Почина мирно во кругот на семејството од природна смрт. Во моментов бараме приватност , соопшти неговиот син Вил за порталот Roling Stone.
Харт ја започна актерската кариера во театар, во 1970 години на минатиот век, а во Холивуд се проби со научно-фантастичниот хорор „Променети состојби“, за кој беше номиниран за Златен глобус во 1981 година. Играше во драми, романтични комедии , но и во филмови од т.н. neo noir. Оскарот го освои 1986 година за улогата на хомосексуалец кој дели затворска ќелија со политички затвореник, во филмот „Бакнежот на жената-пајак“. За истата награда од Американската филмска академија беше номиниран уште два пати.Во последните години беше познат по ликот на генералот Тадеус Тандерболт Рос, во пет филма од серијалот „Марвел“.
Во 2018 година Харт објави дека има терминален рак на простата, но точната причина за смртта сега не е наведена.











