Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Забрана за две правни лица од Велешта за активности кај изворите за вода за пиење во струшкото село Шум

/

пред 232 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Струга, како мерки на претпазливост, предложи забрани на две правни лица од Велешта да ги посетуваат парцелите во селото Шум, каде вршеле ископ и забрана да преземаат какви било работни активности на подрачјето.

Како што се наведува во соопштението, преземајќи истражни дејствија по наредба на Основното јавно обвинителство Струга за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето во селото Шум, истражните органи затекнале работни машини на две правни лица од Велешта кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите.

Мерките против двете правни лица од Велешта се поради сомненија за кривични дела „Незаконита експлоатација на минерални суровини“ од член 225-а и „Загадување на водата за пиење“ од член 219 од Кривичниот законик.

„Основното јавно обвинителство Струга продолжува да презема дејствија за обезбедување докази и испитување на евентуална кривична одговорност во однос на енормното загадување на изворите во Шум од каде подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење“, се додава во соопштението.