Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Заедничка историја – заедничка глупост“ изложба на карикатури од македонски и бугарски автори

/

пред 1595 дена

Сподели преку :

Вечерва во 20 часот во фоајето на Младинскиот културен центар во Скопје ќе биде отворена изложбата „Заедничка историја-заедничка глупост”, во организација на Клубот за бугарско-македонско пријателство.

Изложбата е посветена на односите меѓу Бугарија и Македонија. Организаторите сметаат дека исмејувајќи се над нашите стравувања преку карикатурите на авторите од двете земји, полесно ќе ги надминеме истите.

Од македонска страна учесници во изложбата се карикатуристите Мирослав Георгиевски-Миро, Златко Крстев и уште тројца карикатуристи.

Учесници од бугарска страна се карикатуристите Чавдар Николов, Христо Комарницки и Ала и Чавдар Георгиеви. Тие работат во хумористичното издание „Прас прес”, кое е многу популарно во Бугарија.