Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заедно од лев кон евро – ЕК и Бугарија со кампањи за валутен трансфер

/

пред 921 дена

Сподели преку :

Европската комисија (ЕК) и Бугарија потпишаа Договор за партнерство за организација на информативни и комуникациски кампањи за премин на земјата од бугарскиот лев кон еврото, како дел од подготвителните чекори за влез на Софија во еврозоната.

Договорот го потпишаа извршниот потпретседател на ЕК за економија, Валдис Домбровскис, еврокомесарот за економија Паоло Џентилони и бугарската вицепремиерка и министерка за финансии Људмила Петкова.

Како што соопшти еврокомисијата, Договорот е потврда на нејзината заложба за поддршка на организацијата на информативни и комуникациски кампањи за преминот кон еврото во Бугарија, откако земјата ќе ги исполни сите критериуми за тоа.