Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

/

пред 506 дена

Сподели преку :

Секторот за внатрешни Тетово информира дека денеска околу 15:30 часот се случи сообраќајна несреќа во која една жена го загубила животот, а шест други лица се повредени. Сообраќајната несреќа се случила на автопатот Гостивар – Тетово, во близина на натпатникот за Камењане.

„Се случила сообраќајна незгода со излетување од пат на патничко возило „голф” со тетовски регистерски таблици, управувано од Ј.С. (22) од с. Пирок. Во незгодата доктор од итна медицинска помош констатирал смрт на лице место кај сопатничката Ѓ.А. (33) од с. Боговиње, додека со повреди биле пренесени во Ургентен Центар – Тетово возачот на возилото Ј.С., како и сопатниците В.Р. (28) од с. Боговиње, Ј.О. (21) од с. Пирок, А.М. (10) од с. Палатица, А.М. (6) од с. Боговиње и А.Р.(15) од с. Долно Палчиште“, информира Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Увид на местото извршува екипа од  СВР Тетово и јавен обвинител при ОЈО Тетово.