Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Загина светскиот рекордер во маратон – кобна сообраќајна несреќа во Кенија за Келвин Киптум

/

пред 970 дена

Сподели преку :

Кенискиот атлетичар Келвин Киптум (24), кој е актуелен светски рекордер во маратон, загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Кенија, пренесуваат светските медиуми.

Киптум го загубил животот во 23 часот по локално време, возејќи ја својата Тојота во која бил и неговиот тренер Гарве Хакизамана од Руанда кој, исто така, смртно настрада.

Киптум беше суперувезда на светската атлетика. Беше единствен човек кој успеа да истрча маратон под два часа и една минута по услови кои ги признава Светската атлетска федерација. Неговиот рекорд беше и официјално признат во минатата недела.

Сообраќајната несреќа се случи во период во кој се подготвуваше за настап во Ротердам каде ќе патуваше со амбиција да истрча маратон за помалку од два часа.

Со репрезентацијата на Кенија требаше да настапи и на Олимписките игри во Париз ова лето.