Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Загинаа 15 луѓе во пожар во мала фабрика за облека на Филипините, пожарникарите доцнеле

/

пред 1158 дена

Сподели преку :

Во пожар во мала фабрика за облека на Филипините утринава загинаа 15 луѓе бидејќи пожарникарите не можеле навреме да стигнат до зградата поради поплавите во областа и погрешна адреса.

„Покрај поплавите, пожарникарите доцнеа и поради метеж, а им беше дадена и погрешна адреса“, изјави Наум Тароза од Бирото за противпожарна заштита.

Пожарот во селото Таданг Сора во предградието на Кезон Сити е изгаснат по два часа, а истрагата за причините за пожарот е во тек.

  • „Се претпоставува дека повеќето од жртвите се работници во фабриката, кои спиеле во своите соби кога избувнал пожарот. Меѓу загинатите се и сопственикот на фабриката и неговото дете“, рече Тароза.

Според него, три лица преживеале, панично скокајќи од вториот кат на фабриката.

Во фабриката се чувале запаливи материјали и текстил што се користат за изработка на облека.