Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Загинаа 18 луѓе, над 800 се повредени – биланс по експлозијата на пристаниште во Иран

/

пред 539 дена

Сподели преку :

Бројот на жртви во големата експлозија во пристаништето Раџаи во градот Бандар Абас на југот на Иран се зголеми на 18, а бројот на повредени на повеќе од 800. Шест лица се водат како исчезнати, изјави началникот на одделот за управување со вонредни состојби во иранската покраина Хормозган, Мехрдад Хасанзаде.

Претходно беше објавено дека загинале 14 лица, а 752 се повредени.

Портпаролот на иранската Организација за управување со кризи, Хосеин Зафари, изјави дека лошото складирање на хемикалии во контејнерите во пристаништето Раџаи е причина за несреќата.

Силна експлозија избувна вчера во пристаништето Шахид Раџаи во јужниот ирански град Бандар Абас. Пристаништето главно прима контејнери, но има и резервоари за нафта и други петрохемиски инсталации.