Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Загинаа 33 лица во судирите меѓу Камбоџа и Тајланд – САД бара итен прекин на огнот

/

пред 448 дена

Сподели преку :

Судирите на границата меѓу Камбоџа и Тајланд влегоа во трет ден, при што досега животот го загубија најмалку 33 лица, а над 130.000 луѓе се принудени да ги напуштат своите домови. Ова се најжестоките борби меѓу двете југоисточни азиски земји во последните 13 години.

Според официјалните извештаи, од страната на Камбоџа страна загинале 13 лица, а 71 се ранети. Тајландската армија соопшти дека има 20 жртви од кои 14 цивили и шест војници. Овој број веќе го надминува бројот на загинати во последниот голем граничен конфликт меѓу 2008 и 2011 година, кога беа убиени 28 лица.

Судирите избувнале околу 5 часот изутрина по локално време, а властите во Пном Пен обвинија дека Тајланд истрелал пет тешки артилериски гранати врз објекти во провинцијата Пурсат. Двете страни тврдат дека дејствувале во самоодбрана и се повикуваат меѓусебно на прекин на огнот и отпочнување на преговори.

Граничниот спор, кој трае со децении, повторно ескалираше во жестоки вооружени судири со употреба на борбени авиони, тенкови и артилерија, поради што Советот за безбедност на ОН свика итна седница за ситуацијата.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал со лидерите на двете земји и дека и Камбоџа и Тајланд изразиле подготвеност за итен прекин на огнот.

Во објава на социјалните мрежи, Трамп рече дека сака „крај на војната што моментално беснее“ и додаде дека нема да склучува трговски договори со ниту една влада од Југоисточна Азија доколку продолжат борбите.

„Се обидувам да поедноставам комплицирана ситуација“, напиша Трамп, посочувајќи дека разговарал и со камбоџанскиот премиер и со вршителот на должноста премиер на Тајланд. „Тајланд, како и Камбоџа, сака итен прекин на огнот и мир“, нагласи тој, додавајќи дека по разговорите со двете страни, „прекинот на огнот, мирот и просперитетот се природна работа“.

Пном Пен го повика Тајланд на „итно примирје“, додека дипломатските напори продолжуваат под засилен меѓународен притисок за деескалација на конфликтот.