Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заглавениот пиштол ја спасил аргентинската потпретседателка од атентат

/

пред 1511 дена

Сподели преку :

Аргентинската потпретседателка Кристина Фернандес де Кирхнер избегна атентат откако пиштолот што бил вперен во неа се заглавил.

Де Кирхнер ги поздравувала своите приврзаници пред својот дом кога од масата излегол маж, кој ѝ вперил пиштол во лицето. Нејзиниот сопруг, претседателот Алберто Фернандес, изјави дека пиштолот бил наполнет со пет куршуми, но се заглавил кога требало да пука.

Полицијата го уапсила 35-годишниот напаѓач со бразилско потекло, кој е на распит и се очекува да ги соопшти мотивите за нападот.

Де Кирхнер се враќала од суд, бидејќи се наоѓа среде судење за корупција.

„Кристина и натаму е жива, зашто од сè уште неутврдена причина, пиштолот во кој имало пет куршуми не пукал. Ова е еден од најсериозните инциденти од враќањето на демократијата во земјата во 1983. Можеме да не се согласуваме, но нема место за говор на омраза, зашто тој поттикнува насилство“, изјави претседателот Фернандес.

Снимките од социјалните мрежи покажуваат маж кој држи пиштол на само неколку сантиметри од главата на Де Кирхнер, при што се обидува да пука. Таа ја наведнува главата, но пиштолот не испукува. Напаѓачот потоа бил совладан од обезбедувањето.

 

Во изминатите денови, стотици демонстранти се собираа пред домот на 69-годишната Де Кирхнер додека ѝ се суди за корупција од периодот кога беше претседателка.