Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Захарова: Западна Европа ќе биде прва жртва на уцени на Зеленски, ако Украина добие нуклеарно оружје

/

пред 193 дена

Сподели преку :

Западна Европа би била првата жртва на уцени од украинскиот претседател Володимир Зеленски доколку нуклеарно оружје дојде во негови раце, оцени портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа за руските медиуми, коментирајќи го барањето на Зеленски безбедносните гаранции за Украина да опфатат и таков вид вооружување, рече дека „тој не само што ќе бара пари и оружје“, туку и ќе им „диктира услови на западните земји за опстанок на својот режим“.

Захарова потсети дека Русија инсистира на ненуклеарен статус на Украина.

„Тоа е принципиелен став заснован на разбирање на основните причини за украинската криза“, изјави таа.