Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Закажани 345 протести на 243 локации – генерален штрајк во Грција за двегодишнината од несреќата кај Темпи

/

пред 598 дена

Сподели преку :

За денеска во Грција најавен е 24-часовен генерален штрајк во очи на одбележувањето на двегодишнината од трагичната железничка сообраќајна несреќа кај Темпи во која директно се судрија два воза, при што загинаа 57 лица. Закажани се 345 протести од кои 243 на различни локации со кои ќе се блокира патниот, бродскиот, авионскиот и железничкиот сообраќај, како и затворање на дел од рестораните, таверните, кафулињата.

Генералниот штрајк е закажан од најголемите грчки синдикати на вработените во државниот сектор и приватниот сектор. Собирот во Атина е закажан за 11 часот по локално време, а ќе се преземат зголемени безбедносни мерки, според грчките медиуми, со ангажирани над 5.000 полициски службеници.

Грчката Национална управа за истрага на авионски и железнички несреќи и безбедност на транспортот, најави дека ќе го презентира извештајот од истрагата пред утрешните протести. Следната седмица во Парламентот предвидено е да се одржи расправа за формирање предистражна комисија за несреќата, а премиерот Мицотакис посочи дека секој ќе може да ги претстави своите ставови и предлози, а ќе може да достави и предлог за гласање недоверба на Владата.