Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Закопани од чесни сестри до средината на 20-от век – ископување на масовна гробница во Ирска со тела на 800 бебиња

/

пред 461 дена

Сподели преку :

Археолози и стручњаци почнаа со ископување на необележана масовна гробница во ирскиот град Тјум, во округот Голвеј, каде католички чесни сестри закопале стотици новороденчиња до средината на 20-от век. „Гардијан“ пренесува дека ова е нова фаза во ирското соочување со наследството на злоставување и занемарување на деца во верски и државни институции. Ексхумацијата би требало да трае две години.

Површината на масовната гробница зафаќа површина од околу 5.000 квадратни метри, во која чесните сестри од редот „Бон Секур“ закопале околу 800 бебиња кои починале во установата за мајки и деца Света Марија меѓу 1925 година и 1961 година, пишува „Гардијан“.

„Гардијан“ додава дека во установата, во која млади девојки и жени раѓале вонбрачни деца, дел од бебињата, како што се наведува, биле закопани во напуштен подземен септички резервоар, без никакви докази за погребите. Нивната смрт останале незабележани до пред десетина години, кога локалната историчарка, Кетрин Корлес пронашла 796 умреници и отвори јавна дебата. Таа сега изразува олеснување што целиот процес, конечно почна.

„Ми олесна што, конечно, се случува. Долго го чекав овој момент. Ова е голема радост за мене и за семејствата кои се надеваат дека ќе гипронајдат најмилите“, рече Корлес.

Поголем дел од локалитетот се наоѓа во станбена населба. Тимот кој ги води работите е составен од 18 стручњаци од Ирска, Велика Британија, Шпанија, САД, Австралија и Колумбија.