Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заложничката криза во француски затвор – побунетиот се предал на полицијата

/

пред 655 дена

Сподели преку :

Заложничката криза во затворот во Арл, Јужна Франција, заврши без повредени, откако затвореник кој зеде пет лица за заложници во медицинскиот сектор се предал, соопшти полицијата.

„Сторителот од затворот во Арл штотуку беше уапсен. Нема повредени. Благодарност до тимовите на затворската администрација и специјалното антитерористичко и кризно одделение RAID за нивната интервенција“, напиша министерот за правда Жерал Дарманен на платформата „Икс“.

Околу 11 часот по локално време (12 часот по средноевропско време), затвореник вооружен со импровизирана секира, кој имал „сериозни психијатриски проблеми“, зеде четворица медицински работници и еден чувар за заложници. По два часа, ослободи еден од заложниците.

Според властите, 37-годишниот затвореник бил осуден за силување, со казна што истекува во 2031 година. Извор запознаен со случајот изјавил дека сторителот барал да биде преместен во друг затвор. Мажот не бил поврзан со тероризам.