Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заменик министерот за образование Лулзим Алиу му ја достави својата неотповиклива оставка на премиерот Мицкоски

/

пред 258 дена

Сподели преку :

Лулзим Алиу си поднесе оставка од функцијата заменик-министер во Министерството за образование и наука.

Тој ја достави својата оставка до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, со што ја заокружи својата професионална и јавна кариера.

Во својата изјава, Алиу упати благодарност до матичната партија Алтернатива и нејзиното раководство – актуелниот претседател Беким Сали, како и претходните претседатели Африм Гаши и Зеќирија Ибрахими – за укажаната доверба по вторпат да ја извршува оваа одговорна функција.

Тој изрази благодарност и до своето семејство, пријателите и соработниците за континуираната поддршка во текот на целиот негов мандат.