Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Проблемот со часови за лични асистенти ќе се реши по реконструкцијата на владата, уверува Велковски

/

пред 138 дена

Сподели преку :

Коалицијата „Менуваме“, што ги застапува правата на лицата со попреченост, одржа состанок со заменик министерот за социјална политика, Ѓоко Велковски и му достави драфт верзија на Закон за лична асистенција. Овој гест е поради кратењето часови за лични асистенти на лицата со попреченост, од март наваму. Доколку ги помине административните филтри, законот ќе го замени досегашниот Правилник, кој што не ги гарантира правата за асистенција, велат од Коалицијата.

„За прв пат тој закон ги идентификува лицата со попреченост, за кои ние знаеме дека има злоупотреби. Да се разбереме, тоа го прават центрите за социјани работи. Предвидено е во тој закон да се создадат посебни комисии , адаптирани спрема попреченоста. Не може социјален работник да му прави проценка на слепо лице“, рече Суарет Алишан, координатор на Коалицијата „Менуваме“.

На состанокот, заменик министерот за социјална политика бил информиран и за системските неправди кон лицата со попреченост.

„Му кажавме за новонастанатите провајдери. Како тие преку ноќ настанале? – Правилникот вели најмалку три години треба да постојат за да ја даваат услугата. Понатаму, му кажавме дека се злоупотребува оваа услуга од страна на одредени организации“, вели Алишан од Коалицијата „Менуваме“.

Од Велковски добиле уверување дека по реконструкцијата на Владата, што значи по еден месец, проблемот со часовите за лични асистенти ќе се реши. А, заменик министерот од Коалицијата добил и Предлог- закон за онлајн регистрација на деца и лица со попреченост и со посебни потреби.

За состанокот од Министерството велат дека сите предлози и иницијативи, изнесени од страна на Коалицијата „Менуваме“ ќе бидат внимателно разгледани, со сериозен и одговорен пристап, а во рамки на законските можности и надлежности.

Сотир Трајков