Заменик министерот за здравство Јовица Андовски не е запознаен со состојбата во поликлиниката Сарај, за која вчера градоначалникот Весели рече дека по десет месеци од свечното отворање се уште не функционира.
„Во моментов дел од одделенијата функционираат делумно, а дел воопшто не функционираат како педијатрија и фармација“, рече Весели. Тој рече дека дел од вработените не доаѓаат на работа. Андовски денеска вели дека проблемот со кадарот постои во повеќе болници, а во Сарај ќе бидат испратени специјализанти.











