Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Започна реконструкциja на Универзална сала, рокот да се заврши е крај на 2027 година

/

пред 164 дена

Сподели преку :

Започна реконструкцијата на Универзалната сала, а рокот до кој треба да биде завршена е крајот на 2027 година.

Универзална ќе го задржи автентичниот изглед, и ќе се реконструира на истата челична конструкција, кажа денеска министерот за култура Зоран Љутков кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски присуствуваа на започнување на градежните работи.

„Беа направени неколку испитувања и експертизата покажа дека може да остане истата челична контструкција, која не е оштетена од пожарот“, рече министерот за култура Зоран Љутков.

Тој најави дека проектот превидува измени во влезот на Универзалната сала, на сценската технологија и хидраулика и нова звучна изолација на куполата зашто како што рече Љутков, Универзаана се наоѓа меѓу станбени згради и многу е важна да има добра звучна изолација.

Реконструкцијата ќе се одвива по принципот клуч на рата и ќе чини 20 милиони евра.

Љутков рече дека биле надминати правните и амдинистративните пречки и поделените улоги и надлежности меѓу Град Скопје и Министерството за култрура.

Реконструкцијата на Универазална сала е еден од проектите кои се планирани да бидат завршени пред 2028 година за кога Скопје е прогласен за европска престолнина на културата.