Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Започна Самитот на Г7 во Апулија, на кој гостуваат Зеленски и Папата Франциск

/

пред 861 дена

Сподели преку :

Лидерите на седумте најразвиени економии го започнаа тридневниот самит во Италија, кој ќе биде посветен на војните во Украина и Газа, вештачката интелигенција, миграцијата и економската моќ на Кина.

Самитот во идиличната Апулија се одржува во сенка на изборите кои ги очекуваат најважните членови на групата, поради кои следната година тој би можел да биде драстични сменет, имајќи ги во предвид европските избори на кои крајната десница оствари одличен резултат.

Домаќинката, италијанската премиерка Џорџа Мелони е единствената од европските лидери чија позиција на домашната политичка сцена се чини најсигурна, додека Макрон и Сунак летово ги очекува тешка задача.

Бројни гости од Африка, Блискиот Исток и Југоисточна Азија се поканети на самитот, но ѕвездата оваа година ќе биде Папата Франциск, кој ќе зборува за опасноста од вештачката интелигенција. Римокатоличкиот поглавар е првиот понтиф кој ќе учествува на еден самит на Г7.

Меѓу гостите е и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој освен најавените 50 милијарди долари помош, благодарение на провизиите од замрзнатите руски средства во странство, очекува и договор за забрзување на испораката на авиони ловци за неговата земја, како и побрза тренинг програма за нивни пилоти.

Се надева и на поголема помош во противвоздушни системи и оружје со долг дострел.

По блокадите на пакетите за помош на Украина во САД и ЕУ, поради кои Киев по повеќе од една година им го препушти моментумот на Русите, Вашингтон предложи план за долгорочно и стабилно финансирање на Украина со помош на руските замрзнати средства, кои се проценуваат на 300 милијарди долари, а годишната провизија од тие средства достигнува 3 милијарди долари.

Бидејќи овие средства не можат да ѝ бидат одземени на Русија, затоа што тоа е во спротивност на меѓународното право, тие предлагаат да се земаат заеми од финансиските пазари и секоја година на Украина да ѝ се испраќаат 50 милијарди долари, а  провизијата да ја искористат за негово враќање.

На површина американскиот план изгледа прилично едноставен, но има многу технички прашања кои мораат да бидат решени.

Игор Трајков