Струмичкиот градоначалник го предаде клучот од градот и власта симболично премина кај карневалџите, кои следните седум дена ќе владеат низ магијата на маската, смеат и фантазијата. Од синоќа и официјално стартуваа карневалските свечености.
Вечерва ќе се одржи и големиот Концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“ каде ќе настапат над 300 учесници.
Утре ќе биде маскенбалот, во сабота е главното улично дефиле, а во недела се одржува детскиот карневал. Свечености ќе има до среда, кога и официјално завршува карневалот.
Сузана Мицева











