Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Засилени контроли за мотоцикли, мопеди и е-тротинети

/

пред 123 дена

Сподели преку :

Сообраќајната полиција од 2 до 7 јуни спроведува засилени контроли на возачи на мотоцикли, мопеди и е-тротинети, во рамки на европската акција на Роадпол. Акцијата има за цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на несреќите.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ќе се проверуваат носење заштитна опрема, техничка исправност на возилата, поседување возачка дозвола и почитување на сообраќајните правила.

Овие возила се оценети како едни од најзагрозените учесници во сообраќајот. МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата, особено во периодот на зголемена фреквенција на двотркала поради летните услови. Контролите ќе се спроведуваат на територијата на целата држава.