Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Затрупаните работници во Индија се живи – спасувачите копаат за да стигнат до нив, преку цевка доставиле кислород и вода

/

пред 1057 дена

Сподели преку :

Се уште трае спасувачката акција за да се извлечат повеќе од 30-тина градежни работници кои се затрупани со тони земја додека работеле на копање тунел во северниот дел на Индија.

Сите работници се живи и на безбеден дел, а обезбеден им е кислород и вода преку цевка, па дури и суви оброци, соопшти полицијата, која во текот на ноќта стапиле во контакт со нив. Точната бројка на затрупани работници не е потврдена. Повеќе од 150 спасувачи користат опрема за дупчење и багери за да ги расчистат остатоците во текот на ноќта.

Колапсот на земјиштето се случи вчера во Утараханд, планинска држава преполна со хинду храмови кои привлекуваат многу аџии и туристи.

Заробените работници биле дел од градежниот проект кој треба да поврзува неколку места за аџилак.

Урнатиот дел од тунелот долг 4,5 километри  е на околу 200 метри од влезот.