Водата не помогна да се угаси пожарот во „Дрисла“ па од претпладнево со багери се затрупува делот кој гори а надлежните се надеваат дека на овој начин до крајот на денот ќе го задушат огнот а со тоа и чадот кој цел ден ги труе сите граѓани во Скопје. Истото ќе се направи и во Вардариште од каде со денови се издига чад.
Главниот штаб за управување со кризи утрово ја презеде надлежноста врз депонијата „Дрисла“ согласно прогласената кризна состојба во државата.
Препораки и мерки од Владата и министерството за здравство нема бидејќи како што тврди премиерот Христијан Мицкоски, воздухот во Скопје не бил со зголемени токсични вредности.
Надлежните се сомневаат дека пожарот кој вчера попладне изби во Дрисла е подметнат.
По затрупувањето на критичниот дел во Вардариште, од каде што исто така се издига токсичен чад, надлежните најавија дека локацијата ќе биде обезбедена и оградена и дека ќе се издаде забрана за движење и секој кој ќе биде затекнат таму ќе биде уапсен.
Oгнен Чанчаревиќ











