Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Затвор за поренешен косовски министер околу „Бехтел&Енка“ за автопатот „Арбен Џафери“

/

пред 997 дена

Сподели преку :

Три години и осум месеци затвор за поранешниот косовски министер за инфраструктура Пал Лекај, бидејќи дозволил доделување дополнителни 53 милиони евра на конзорциумот „Бехтел&Енка“ за изградба на автопатот „Арбен Џафери“, пишува „Коха Диторе“.

Тој е осуден за злоупотреба на службената положба и намерно оштетување на државниот буџет. Изречена му е и дополнителна казна – забрана да врши јавни функции во траење од три години и шест месеци.

Заедно со него е осуден и поранешниот секретар на Министерството, Небих Шатри на една година и осум месеци, на исто толку е осуден и директорот за набавки Бесим Тахири, а советникот Есет Бериша доби три години и три месеци.

За надзор на изградбата на автопатот од страна на косовската Влада била задолжена фирмата „Хил“. Според извештајот кој бил доставен до неа паричната обврска во однос на „Бехтел&Енка“ била 14 милиони евра. Но, овој извештај Лекај официјално не го презентирал пред Владата, а во негово отсуство, извршната власт одобри исплата на дополнителни 53 милиони евра на фирмата задолжена да го изгради автопатот.