Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Затворањето на владата во САД ја влоши ситуацијата во сиромашни заедници

/

пред 337 дена

Сподели преку :

Федералното затворање во САД предизвика доцнења во програмите за помош на милиони семејства кои зависат од државни средства за греење и храна. Во Мејн, каде повеќе од половина домаќинства се греат на нафта, многумина се соочуваат со студена зима – програмата за итна помош за греење е стопирана поради недостиг на федерални средства. Истовремено, суспендирањето на програмата за храна „SNAP“ погоди околу 42 милиони Американци. Малите продавници и независните синџири во Пенсилванија, пријавуваат пад на продажбата и страв од отпуштања. Според податоците, „SNAP“ корисниците минатата година потрошиле над 96 милијарди долари, најмногу во супермаркети и локални продавници. Меѓувреме, банките за храна низ земјата пријавуваат двојно зголемена побарувачка. Многу трговци, нудат бесплатни производи за семејствата погодени од кризата. Сенатот веќе изгласа закон за повторно отворање на владата и враќање на средствата за програмата за помош, но законот сè уште чека одобрување во Претставничкиот дом.