Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Затвореник искршил стакло во „Идризово“, загубил многу крв, починал на пат кон Државна

/

пред 794 дена

Сподели преку :

Затвореникот Д.Ф. (35) од Скопје вчера искршил стакло во Казнено-поправната установа „Идризово“, по што почнал обилно да крвари. Починал на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Како што информира денеска МВР, случајот вчера, во 12:35 часот, бил пријавен во СВР Скопје од Казнено-поправната установа „Идризово“. Настанот се случил околу 12 часот во установата, во просторија за посети.

Од страна на лекар констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.