Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заврши 46. „Браќа Манаки“: доделени златна, сребрена и бронзена камера

/

пред 373 дена

Сподели преку :

Филмот „Нов бран“, во француско-американска копродукција, на кинематограферот Давид Шамбиј е добитник на „Златна камера 300“ на 46. издание на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.

„Сребрената камера 300“ отиде во рацете на кинематограферката Олимпија Митилинау за филмот „Мирен живот“, а „Бронзената камера 300“ жирито му ја додели на директорот на фотографија Мауро Херсе за филмот „Сират“, во шпанско-француска копродукција.

Беа доделени и специјалната „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, која годинава му припадна на американскиот оскаровец Воли Фистер, како и традиционалната награда на Друштвото на филмските професионалци на Македонија – „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, која годинава ја доби македонскиот филмски композитор Кирил Џајковски.

Вечерва, на церемонијата на свеченото затворање на фестивалот, беше прикажан македонскиот филм „Ди-џеј Ахмет“ на режисерот Ѓорѓи М. Унковски и кинематограферот Наум Доксовски, учесник на 35 светски фестивали и добитник на дваесетина награди. Од 1 октомври филмот ќе се прикажува низ кино салите во Македонија.