Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Завршни зборови во случајот против Стојанче Јовановски

/

пред 160 дена

Сподели преку :

Денеска во судот се закажани завршните зборови во случајот против Стојанче Јовановски, кој е обвинет за наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана, како и за нанесување телесни повреди во контекст на семејно насилство и загрозување на сигурноста.

Случајот се однесува на настани кои, според обвинението, кулминирале со трагичен исход.

На претходното рочиште Јовановски даде исказ во кој ги негираше дел од наводите и тврдеше дека односите со сопругата се влошиле по 2022 година, наведувајќи и конфликти со друго лице… Тој изнесе и тврдења за закани и инциденти, како и околности поврзани со денот на настанот, при што призна дел од физичкиот конфликт.

Обвинителството, пак, оцени дека неговиот исказ е обид за префрлање на одговорноста, повикувајќи се на материјални докази и вештачења кои укажуваат на насилство и повреди. Завршните зборови денеска ќе бидат клучни пред судот да премине кон следната фаза од постапката.