Важната улога на невладиниот сектор беше целосно занемарена во составувањето на Државната корупција за спречување на корупција (ДКСК), смета професорката Неда Здравева, претседателка на Хелсиншки комитет, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Ако го видите бодувањето на членовите на Државната комисија за спречување на корупција, за овој состав зборувам, бодовите на политичките партии, наспроти бодовите на невладиниот сектор и медиумите, станува збор за превртена пирамида. Колку се повисоки поени што ги даваат политичките партии, толку се пониски поените што ги даваат претставниците, организациите на граѓанското општество. Тоа дотолку повеќе ја потенцира важноста за департизација на вакви институции“, истакна Здравева.











