Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Здравева: Бројките на жртви на семејно насилство во Македонија се поразителни, бидејќи некој не работи како што треба

/

пред 224 дена

Сподели преку :

Бројките на жртви на семејно насилство во нашата држава, меѓу кои најмногу жени и деца, се поразителни, бидејќи, меѓудруго, некој не работи онака како што треба, рече проф д-р Неда Здравева, претседателка на Хелсиншки комитет за човекови права, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Добиваме информации за водени кривични постапки против насилниците или против оние кои што извршуваат фемициди, но не добиваме конкретни податоци како заврпуваат внатрешните постапки за оценка на одговорноста на оние кои не работеле целосно, совесно, чесно, навремено и секако како што треба да работат. И органите на прогонот и центрите за социјална работа“, вели Здравева.

Според неа, соочени сме со ситуација дека сите нешто прават или личи дека прават.

„Или не го прават навремено или не го прават целосно или не го прават според сите правила и процедури кои што оперативно постојат. На крајот работите завршуваат вака како што завршуваат. И што е најтрагично, продолжуваат да се случуваат“, додаде Здравева.

С.Д.