Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Здружение на инженери за животна средина: кандидатите на локалните избори за еколошките проблеми да нудат конкретни решенија наместо празни ветувања

/

пред 415 дена

Сподели преку :

Здружението на инженери за животна средина, во пресрет на локалните избори, упати денеска апел до сите кандидати за градоначалници и носители на јавни функции да не ја користат животната средина за политички поени, туку да се водат од стручни анализи, европските зелени политики и вистинските потреби на граѓаните.

Истовремено, оваа организација на граѓаните им сугерира да бараат конкретни, мерливи и одговорни еколошки решенија во програмите на кандидатите а не празни ветувања, додека програмите и изјавите на кандидатите да ги проценуваат преку призмата на стручноста, одговорноста и усогласеноста со европските зелени политики.

Здружението на инженери за животна средина подвлекува дека клучните еколошки приоритети на локално ниво, како барање од јавноста до кандидатите за градоначалници, треба да бидат прашањата на:

  1. Управување со отпадот.
  2. Чистиот воздух и управувањето со загадувањето.
  3. Контрола и справување со индустриското загадување.
  4. Заштита на локалните водни ресурси.
  5. Заштита на природата и локалниот биодиверзитет

Здружението на инженери за животна средина порачува и дека животната средина не смее да биде поле за политички игри и дезинформации, бидејќи е прашање кое се однесува на сите граѓани на државата, без разлика на нивната политичка определба.