Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Здруженијата на Бугарите за акцискиот план со забелешки за дискриминација и говор на омраза

/

пред 280 дена

Сподели преку :

Забелешки за неносењето на уставните измени, за дискриминација и говор на омраза кон Бугарите во земјава, но без суштински забелешки на содржината на документот и неговото спроведување, биле коментарите кои ги дале припадниците на бугарската заедница во Македонија на предлог-акцискиот план за заштита на правата на малцинства.

Како што дознава Телма, на партиципативниот форум, организиран за документот од страна на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, кој се одржал во Клубот на пратениците на почетокот од декември, биле поканети сите здруженија на Бугарите во земјава, а на средбата не дошло само едно од нив. Претставниците на Бугарите зеле збор на состанокот при што фокус ставиле првенствено на нивната положба во општеството, а не толку на содржината на документот во кој таксативно се наведени чекорите со временски рок за нивно спроведување, а кои треба да ја подобрат заштитата на правата на малцинските заедници во земјава.

Акцискиот план за правата на малцинствата е услов без кој Македонија нема да може да го отвори првиот кластер од преговорите со ЕУ, дури и да ги усвои уставните измени, а треба да биде одобрен од Европскиот совет.

Инаку, коментарите кои стигнале од здруженијата на Бугарите на предлог-акцискиот план, како што дознава Телма, стигнале како еден документ, потпишан од сите бугарски здруженија, напишани на англиски јазик.

Забелешки стигнале и од уште неколку здруженијата на други заедници кои се под 20 проценти во Македонија, но како што дознава Телма, се однесувале на подобрување на процесот и биле прифатени и вметнати во верзијата кој потоа биле доставена до ЕУ и Бугарија.

Во дебатата освен здруженијата на Бугарите, учествувале и здруженијата на Ерменците, Египќаните, Хрватите, Црногорците, но и на заедниците кои се дел од Уставот, а се помалку од 20 проценти.

На дебатата присуствувале и претставници на Делегацијата на Европската унија во Македонија, на чело со амбасадорот, Михалис Рокас.

Инаку, документот содржи конкретни чекори како зголемување на капацитетите и буџетот на Комисијата за заштита од дискриминација согласно ЕУ регулативата, но и унапредување на легислативата за заштита од дискриминација.

Подобрување на капацитетот на канцеларијата на Омбудсманот, но и законот кој ја регулира неговата работа.

Се предвидува и носење национална стратегија за недискриминација 2026 -2030, носење на закон за правична застапеност, но и усогласување со него на закони во областа на државната и јавната администрација и јавниот сектор.

Предвидено е јакнење на човечките ресурси во Агенцијата за имплементација на јазиците на заедниците под 20 проценти, односно вработувања.

Документот предвидува превенирање и на говорот на омраза во јавниот простор, со обука на 60 новинари до 2028 година.

Тамара Грнчароска