Дали Законот за облигациони односни со кој извршувањето застарува за 10 години е неуставен, уставните судии ќе се произнесат следната недела на седницата закажана за 25 спетември.
Уставен во јуни одлучи да поведе постапка откако претходно во јануари одлучувајќи по други иницијативи за истиот закон донесе спротивна одука дека е согласно Уставот. Токму ова е една од причините порди која здруженијата „Човекот над профитот”, „Но Пасаран” и КСОМ сметат дека промената на ставот на судиите е симптоматична и уште еднаш апелираа до нив да ги следат темелните вредности на Уставот и да не дозволат граѓаните да бидат во должничко ропство, односно извршувањето да не застарува
На седницата во јуни судиите отворија повеќе дилеми и констатираа дека законот е неспроведлив во пракса, го повредува правото на сопственост и создава нееднаков третман на доверителите. И денеска повторија дека водилка ќе им биде Уставот.
Уставниот суд не одлучува на ничија штета, ниту пак во нечија корист кога станува збор за предмети кои ги разгледува. Улогата на Судот и неговата уставна поставеност е да ги оценува прописите и да донесе одлука дали се во согласност со Уставот и со законите. На 20 јуни, Уставниот суд поведе постапка и согласно Актот на Судот, следната фаза е одлучување по даден предлог од страна на судија-известител, соопштија од Уставен.
Здруженијата обединети под слоганот „Стоп за извршителите“ очекуваат судиите при одлучувањето да го имат предвид фактот дека има 240.000 блокирани трансакциски сметки.
Елена Ивановска Мукоска











