Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Зелен Хуман Град“ како партија на избори – независните се групираат

/

пред 455 дена

Сподели преку :

Во борба по потписи и со намера за основање партија – независните „Зелен Хуман Град“ застанаа пред Град Скопје, со најава дека повторно имаат цел да влезат и да бидат дел од градската власт во рамките на Советот.

На 40 степени и на отворено, среде топлотен бран поканија сниматели и новинари за да ја испратат пораката до јавноста, а потоа се соочија и со забелешки при своите први чекори од партиското делување во најава.

„Дали оваа прес-конференција не можеше да се случи порано во текот на денот кога не беше 40 степени Целзиусови?“

„Јас длабоко ви се извинувам за тоа, многу ми е јасно дека е многу топло во овој дел од денот, но едноставно ние сме сите со работни обврски и не можевме да излеземе порано од работа“, вели Марјан Калевски од „Зелен Хуман Град“. 

Одговорот на „Зелен Хуман Град“ за потребата од формирање на политичка партија беше поопсежен – станува збор за политичка нужност, наместо политичка амбиција.

Велат дека одлуката ја донеле како директен одговор на постојаните обиди на големите партии да ги елиминираат независните актери од изборната трка. Ценат и дека се доведени до момент во кој правото на учество на избори може да се оствари само на еден начин.

Вчера и други независни иницијативи најавија формирање на посебна партија – „Независни за Карпош“, „Шанса за Центар“ и „Зелени за Гази Баба“.

„Го преземавме овој чекор бидејќи големите партии од власта и опозицијата здружено донесоа измени на Изборниот законик со што се зголемува прагот на потребни потписи за учество на независните листи на изборите. Ова законско решение го укина Уставниот суд, но големите партии немаат интерес да донесат ново решение и со тоа делуваат противуставно“, вели Марјан Калевски од „Зелен Хуман Град“. 

Ова следува по речиси пет месеци неизвесност, откако Уставен во март ги укина одредбите со кои големите партии им го зголемија бројот на потписи на независните за кандидатура.

Потоа, од Собранието порачаа дека прашањето за учеството на независните кандидати на претстојните локални избори ќе мора да се реши, но без детали како и кога. Ако остане нерешено, ќе се остави за втората половина на август, по годишните одмори.

Петар Догов