Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски бара воздушна одбрана на украинскиот воздушен простор слична на Израел

/

пред 915 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го искористи неодамнешното разгорување на тензиите на Блискиот Исток како пример зошто НАТО треба да ја прошири својата противвоздушна одбрана над Украина, наведувајќи ги мултилатералните напори за соборување на иранските беспилотни летала, кои беа истрелани кон Израел, во текот на викендот.

„А што се случи во Израел? Авиони кои истрелаа проектили. Ако ни се понуди, на пример, авијацијата на Франција, Германија, Полска, Британија, не е важно кој, кој се крева на небо и ќе соборува проектили кои дефинитивно летаат над Украина, но можат да летаат и на тие територии бидејќи фактите со Полска и Романија се веќе снимени, тогаш нека ги соборат тие проектили“, рече Зеленскиј во интервју додавајчи дека тој „би им упатил овации“.